„Косеп“ и „Самсунг“ ќе градат ветерници во Македонија

Bez autora
May 03 2010

И Јужна Кореја заинтересирана за вложување во штипскиот ветер. „КОСЕП“ (Korea South-East Power CO), најголемиот концерн за производство на електрична енергија во Јужна Кореја и компанијата „Самсунг“ на терен ги разгледуваат можностите заедно со шпанската компанија „Инвал“, да градат ветерници околу Штип. Заинтересирани сме за проектот бидејќи има можности за негов развој во инвестицијата ќе влеземе заедно со „Самсунг“ и „Инвал“. Стартот ќе зависи од добивањето на дозволите, што очекуваме да заврши за два до три месеци. Шпанците веќе три години работат во Македонија на средување на документацијата за старт на изградбата на ветерниците, но тврдат дека застој во реализацијата на проектот нема и дека се тече според утврдената законска динамика.

„Косеп“ и „Самсунг“ ќе градат ветерници во МакедонијаИ Јужна Кореја заинтересирана за вложување во штипскиот ветер.

„КОСЕП“ (Korea South-East Power CO), најголемиот концерн за производство на електрична енергија во Јужна Кореја и компанијата „Самсунг“ на терен ги разгледуваат можностите заедно со шпанската компанија „Инвал“, да градат ветерници околу Штип.

„Заинтересирани сме за проектот бидејќи има можности за негов развој во инвестицијата ќе влеземе заедно со „Самсунг“ и „Инвал“. Стартот ќе зависи од добивањето на дозволите, што очекуваме да заврши за два до три месеци“, рече Мун Чул Бо, „КОСЕП“.

Шпанците веќе три години работат во Македонија на средување на документацијата за старт на изградбата на ветерниците, но тврдат дека застој во реализацијата на проектот нема и дека се тече според утврдената законска динамика.

„Очекувам сите дозволи да ги добиеме до првата половина од наредната година. Со изградбата на фармите би започнале веднаш и за тоа ќе ни бидат потребни помеѓу 16 и 18 месеци“, рече Џорди Молинер, „Инвал“.

Според проектот во околината на Штип ќе се градат четири паркови со ветерници, со вкупна моќност од 200 мегавати.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik